развидели се | св.

Се раздени, осамне. По еден час веќе ќе се развидели.

развие | св.

а) Развитка, одвитка, одвие нешто свиено, завиено. Таа ги разви веленцата и ги пикна под покривалото. б) За бебе ‒ расповие. Бабицата го разви бебето пред родителите. в) Рашири, развее; растегне. Тој ги разви сите платна на едрилицата. Го развија знамето на јарболот.

развиен | прид.

а) Што е физички добро изграден, силен, здрав. Беше крупно, високо и добро развиено момче. б) Што е духовно, умствено издигнат.

развика се | св.

Почне силно да вика. Се развика уште од пред порта за сите да го чујат. Прости што ти се развикав.

развикува | несв.

Вика силно, зборува многу гласно, обично при изразување незадоволство, лутина поради нешто или во игра, забава и сл. Што развикуваш толку, сите да те чујат. Заврши часот, децата развикуваат во дворот.

развилнее | св.

Почне да вилнее. Ветрот развилнеа.

развиорен | прид.

Што се развиорил. Развиорени знамиња. Развиорени емоции.

развиори | св.

Развее, разнесе на сите страни. Ветрот ги развиори завесите на прозорците.