разграничувачки | прид.

Што врши, предизвикува разграничување. Разграничувачки фактор. Разграничувачка линија.

разгребе | св.

Со гребење оштети, повреди, изгребе. Капиновите гранки му ја разгребаа кожата.

разгрее | св.

Стопли, загрее нешто. Волнените чорапи му ги разгреаја нозете.

разгрли (се) | св.

Во собата беше запурно, па таа ја разгрли кошулата..

разгрне | св.

Со расфрлање околу наоколу открие нешто што е покриено, собрано на куп. Најде лопата и ја разгрна пепелта. Го разгрнав снегот и се покажа вратничка. Ги разгрна дупките и ги извлече дрвцата.

разгром | м.

Целосен пораз, уништување. По разгромот на востанието настапија тешки денови.

разгроми | св.

Предизвика, нанесе разгром, уништи. Вечерта ја разгромија непријателската чета.