разгуга се | св.

За бебе ‒ почне многу да гуга; гуга Детето се разгуга кога ги виде.

раздавач | м.

Тој што раздава, што разнесува нешто. Раздавачите на места, концесии и сл. му беа пријатели.

раздаде | св.

Даде, распредели нешто на мнозина. Кметот им го раздаде имотот на селаните.

раздалеченост | ж.

Далечина, растојание меѓу два предмета. Се наоѓаа на чекор раздалеченост еден од друг. Раздалеченоста меѓу станицата и центарот на градот е мала.

раздалечи | св.

Зголеми растојание меѓу два или повеќе предмети, оддалечи. Ги раздалечи малку полите на завесите и ѕирна низ прозорецот.

раздалечина | ж.

Далечина, растојание меѓу два предмета. Кога изминаа доста голема раздалечина, ја видоа границата.

раздвиженост | ж.

Движење, раздвижување. Во градот се чувствуваше раздвиженост.

раздвижи | св.

Почне да движи нешто, стави нешто во движење, предизвика движење на нешто. Нова сила му го раздвижи телото и тој со лазење се довлечка до прагот. Ветрот ги раздвижи лисјата на дрвјата.