разграден 1 | прид.

Што е со отстранета ограда. Раградена нива. Разградено лозје.

разграден 2 | прид.

Што е распетлан, раскопчан во пределот на градите. Облечена е во сина разградена роба.

разгради 1 | св.

Симне, отстрани ограда. Го разградија дворот, за да направат нова ограда.

разгради 2 | св.

Распетла, откопча облека во пределот на градите, разголи гради. Ја фати горештина, па ја разгради робата.

разградлив | прид.

Што може да се разгради. Биолошки раградливи материи.

разграка се | св.

Почне силно, многу да грака. На небото се разграка јато чавки.

разгранет | прид.

а) Што развил, раширил во голема мера гранки и сл. Дрвото беше старо, широко разгрането. б) Раширен, развиен, зголемен. Разгранета дејност. Разгранета фабула.

разграни | св.

Само во 3 л. ‒ пушти, развие гранки во голема мера. По неколку години дрвото во дворот убаво разграни. Разграни гранка маслинка. (нар.поез.).

разграничи | св.

Обележи со граница нешто, постави граница меѓу две територии; раздели. Треба да го разграничиме просторот на кој ќе се градат објектите.