раздвоен 1 | прид.
Глаголска придавка од раздвои.
раздвоен 2 | прид.
Што раздвојува, разделува, што разграничува нешто. Раздвојна преграда. Раздвојна линија.
раздвои | св.
Раздели на два дела, во две групи. Екипата ја раздвои во групи од неколку натпреварувачи.
раздвој | м.
Раздвојување, разделување.
раздел | м.
Дел од некаква целина. Го повлече вториот раздел од орозот. Едниот лак на разделот од островцето беше модар, а другиот зелен.
раздела | ж.
разделба | ж.
Моментот на разделување со блиски, збогување. Дојде и денот на разделбата. На разделба ѝ вети дека ќе ѝ пишува.
разделбен | прид.
Што се однесува на разделба. Разделбен час. Разделбена песна.
разделен | прид.
Што содржи две можности кои меѓусебно се исклучуваат; дисјунктивен. Разделна реченица. Разделни сврзници.
раздели | св.
Направи нешто на делови, подели во група. Намислив да го разделам имотот на четири делови. Играчите ги разделија во групи.