разјасни | св.

Направи да стане јасен, разбирлив, пошироко објасни. Откако го разјасни прашањето, собра голем број деца во училиштето. По секоја цена сакаше да си ја разјасни својата положба.

разјаснител | м.

Тој што разјаснува.

разјаснувачки | прид.

Што содржи објаснување, што служи за разјаснување. Разјаснувачки факти.

разјужи | св.

За време ‒ стане потопло, затопли. Наскоро времето сигурно ќе разјужи.

разјуначи се | св.

Покаже храброст, стане јунак; се охрабри. Момчето се разјуначи и остро му се спротивстави.

разјури | св.

(нар. поез.) Спотера. Си разјурил коња.

разлабавеност | ж.

Состојба на тој што е разлабавен или на тоа што е разлабавено.

разлабави | св.

Направи нешто да стане лабово, олабави. Разлабави го оглавот на коњот. Ја разлабави краватата и ја раскопча кошулата.