разлава | несв.
Беснее, лудува. Разлава ветер буен.
разлавачка | ж.
Бес, лудување. Не знае што да прави од разлавачка.
разлага (се) | несв.
разладен | прид.
Што служи за разладување. Разладен уред.
разлади | св.
Направи нешто да стане ладно или уште поладно, олади. Супата е многу врела, разлади ја.
разлае се | св.
Почне многу да лае. Доцна во ноќта кучињата се разлајаа.
разлази се | св.
За непроодено дете ‒ почне многу да лази. Детето се разлази по собата барајќи ја играчката.
разлапа се | св.
Почне многу, лакомо да јаде. Кога му седнаа, кога се разлапаа, ништо не остана.
разласка | св.
Почне силно да блеска, да сјае.
разлатен | прид.
Што е плиток и широк. Разлатна чинија. Разлатно тенџере.