рамноправност | ж.

Еднаквост на правата и на должностите на луѓето; состојба на тој што е рамноправен, на тоа што е рамноправно. Тие се бореа за рамноправност и за слобода. Рамноправност при вработување на мажите и на жените. Полова рамноправност. Борци за рамноправност.

рамносилен | прид.

Што е еднаков, ист по сила. Момчињата се рамносилни.

рамностран | прид.

Што има еднакви страни. Рамностран триаголник.

рамнотежа | ж.

Состојба на еднаквост на силите што дејствуваат врз некое тело кога тоа е во мирување, состојба на телата кога сите сили и брзините на моќта на телото ќе станат рамномерни. Телата се наоѓаат во стабилна рамнотежа. Кога на лостот се постигнува рамнотежа, станува збор за иста тежина.

рамо | ср.

(анат.) Дел од човечкото тело од вратот до горниот крај на раката, надлактицата. Тој го стави палтото на рамо и си замина. Навивачите го кренаа на рамена и го носеа меѓу толпата. Тој го повреди рамото. Со мотика на рамо. Повредено рамо.

рампа | ж.

Пречка на некаков премин од еден во друг простор или во ограден простор (преку пруга, на паркинг, преку граница и сл.). Гранична рампа. Наплатна рампа. Крената рампа.

рамстек | м.

Парче чисто, меко, сочно јунешко месо од страничниот дел на грбот. Порачаа два рамстека. Парче рамстек испечено на жар.

ран | прид.

Што се случува, што е, што се јавува на почетокот на денот. Рано утро. Рана зора.

рана 1 | ж.

Отворена, механичка повреда на ткивата придружена со прекин на интегритетот на кожата, телесна повреда, кај човек или кај животно, со некое оружје, остар предмет или со каснување од некое животно; повреда Површинска рана. Внатрешна рана. Отровна рана. Огнострелна рана. Длабока рана. Преврзани рани. Инфицирани рани. Зараснати рани. Рани по целото тело. Отворени рани. Крвави рани.