расип | м.

Трошок, растурање без водење сметка. Расип на парите. Расип на силата. Расип на храната.

расипан | прид.

а) Што не може да се употреби, што не работи, на кој нешто му недостига. Расипан мотор. Расипан телевизор. б) Што не е за употреба, што ги изгубил нужните својства за употреба, загаден, содржи штетни материи, не треба да се користи. Расипана храна. Расипано млеко. Расипано месо.

расипаник | м.

Нечесен, неморален, без основни принципи и морални норми во однесувањето. Голем расипаник.

расипе 1 | св.

а) Доведе во неисправна состојба. Децата го расипаа телевизорот. Тој го расипа компјутерот. б) За храна ‒ стане неупотреблива. Топлото време ја расипа храната. Високите температури го расипаа млекото.

расипе 2 | св.

Исипе нешто, на многу места, истури, растури. Тој го расипа млекото. Детето ги расипа коцките низ собата.

расипикуќа | м.

Лош домаќин што не може да ги доварди домот, семејството, имотот;

расиплив | прид.

Што се расипува лесно, што може да стане неупотреблив. Расиплива стока. Лесно расипливи производи.

расипник | м.

Лице што троши без мерка, што бесцелно и неразумно располага со материјални добра. Мажот беше голем расипник. Тој е голем неранимајко и расипник.

расипнички | прид.

Што е својствен за расипник. Тој има расипнички дух. Расипнички живот.