расипништво | ср.
Трошење без мерка, бесцелно и неразумно располагање со материјални добра. Нема крај на неговото расипништво.
расипокуќник | м.
расист | м.
Приврзаник на расизмот; член на расистичко движење.
раситни | св.
Раздели, раздроби на ситни делови; направи да стане нешто на делови. Тој ја раситни земјата во саксиите.
раска | ж.
Ситен мал дел, парче од нешто. Во воздухот летаа раски. Ситни раски. Една раска од песокта ми влезе во окото.
раскади | св.
Закади на некое место; кади 2. (разг.) Зачади некаде; кади 2. Таа ја раскади собата.
раскае се | св.
Зажали за тоа што го сторил, ја признае сторената грешка, лоша постапка; се покае. Откако видеа што сториле, се раскајаа. Никогаш нема да се раскаат. Тој ќе се раскае, ама ќе биде доцна.
раскаже | св.
а) Усно изложи, соопшти нешто (настан, случка и сл.). Таа ни раскажа што се случило. Тој ми го раскажа сонот. Девојчето раскажа една случка. б) Со свои зборови (усно или писмено) искаже, пренесе текст. Таа расакажа три долги приказни. Тој ја раскажа лекцијата.
раскажлив | прид.
Што умее добро да раскажува. Раскажлива жена. Раскажливо момче.
раскажник | м.
Лице што сака да раскажува. Мудар раскажник.