расклешти се | св.

Почне да се клешти многу, зачестено и во голема мера; се. Се расклештиле пијаните мајстори. Децата се расклештиле. Се расклештил како будала.

расклика се | св.

За некои птици ‒ почне силно, зачестено да клика. Птиците се раскликале. Орелот се раскликал.

расклинка се | св.

Почне да клинка многу; Децата се расклинкале низ дворот.

расклокоти се | св.

Почне да клокоти многу, зачестено и во голема мера; Водата се расклокотила. Јадењето во тенџерето се расклокоти. Во стомакот сè ми се расклокоти.

расклони се | св.

Пушти гранки (клонови), разграни. Новите расади се расклонија. Грмушестите растенија се расклонија паралелно со почвата.

расклопен | прид.

Што е на делови, раздвоен, одделен на составни елементи. Расклопен часовник. Расклопена пушка. Во собата имаше расклопени делови од машината.

расклопи | св.

Раздели нешто на составни делови. Тој го расклопи часовникот на делови. Работниците ја расклопија машината.

расклоплив | прид.

Што може да се расклопи. Расклоплива кутија. Расклоплив апарат.

расклоца се | св.

Почне да клоца многу, зачестено и во голема мера; Коњите се расклоцаа. Детето се расклоца.

раскове | св.

Извади шајки од нешто заковано; ослободи од потков; поткове. Работниците ја расковаа вратата. Тој ги расковал потковиците од коњот.