раскити | св.
Отстрани она со што нешто било накитено; Тие ја раскитија елката. Уште вечерта ја раскитија собата.
расклања се | св.
Почне многу да се клања. Тие се расклањаа пред гостинот.
расклапа | св.
Направи нешто да клапа, да се разлабави, да изгуби цврстина меѓу составните делови: По еден месец ги расклапала чевлите. За една година го расклапа возилото.
расклапан | прид.
Што е клапав, немоќен, тром, дотраен. Расклапана снага. Расклапан маж. Расклапан велосипед.
раскласен | прид.
Глаголска придавка од раскласи.
раскласи | св.
Почне да класи, да создава клас. Житото раскласи. Кога ќе раскласат житата, таа ќе дојде.
расклати | св.
Направи да стане лабаво, да се клати. Забарот прво ми го расклати забот, па потоа го извади. Децата го расклатија столот. Тешките книги ја расклатија полицата.
расклацка | св.
Почне да клацка многу, зачестено и во голема мера; Таа го расклацка млекото во шишето. Мајката ја расклацка лулката.
расклепа се 1 | св.
Засилено почне да клепа, да остри со ковање. Мајсторите се расклепале, ги острат секирите.
расклепа се 2 | св.
Многу и често почне да клепа со очите; Детето се расклепало со очите од страв.