расковниче | ср.

Растение што има, според преданијата, магиска моќ да отвора какви било брави, да открива скриени богатства, да ништи магии и сл.; Siler.

раскока | св.

Натера некого да почне да скока. Таа ги раскока сите, ги натера и најстарите да станат на оро.

раскокори | св.

Нагласено, ширум отвори очи; Таа ги раскокори очите.

раскол | м.

Расцеп, отпадништво од црквата, во религијата и во верски и друг вид идеолошки заедници (организација, партија) ‒ верување што не е во согласност со постојното учење, одвојување, разделување, цепење, шизма. Раскол во христијанството, познат како Големата шизма или Големиот раскол. Тој размислува за раскол и за формирање нова верска институција. Расколот во црквата предизвика формирање групи.

расколеба | св.

Предизвика колебање, сомневање кај некого, предизвика неувереност во нечии постапки и намери. Тој ги расколеба селаните. Таа ги расколеба младите. Тој ги расколеба присутните. Тажниот настан ги расколеба сите.

расколебано | прил.

Колебливо, несигурно, нерешително. Зборуваше расколебано.

расколне | св.

Почне многу, засилено да колне, проколне многу. Старата ги расколна сите, почнувајќи од најблиските.

расколник | м.

Лице што внесува раскол. Расколниците први проговорија. Недоверливи расколници на нашата идеја.