раскомати | св.
За храна (леб, пита и сл.) ‒ раздели, раскрши комати на делови, на парчиња. Таа го раскомати лебот и им го подели на децата. Питата ја раскоматија уште врела.
раскомотен | прид.
Глаголска придавка од раскомоти.
раскомоти | св.
Расоблече, симне од некого облека за да се чувствува комотно, поопуштено, послободно. Таа го раскомоти детето. Таа ја раскомоти старата.
раскопа | св.
Со копање направи, прошири бразда; изврши обработка на земја со копање; копа 1 и 4. Тој ја раскопа нивата. Кртови ја раскопале градината.
раскопан | прид.
Глаголска придавка од раскопа.
раскопачи | св.
Расчисти, откорне, искорне, отстрани дрвја, шума и сл. со копање; ископачи. Селаните ги раскопачиле лозјата.
раскопачувач | м.
Лице што раскопачува. Двајца раскопачувачи направија патека меѓу дрвјата.
раскопина | ж.
Раскопано место заради откривање предмети од стара култура;
раскопка | ж.
раскопка | св.
Раскопа малку или уште малку. Раскопка низ дворот и седна да се одмори.