раскопне 1 | св.

Раскопа малку или уште малку;

раскопне 2 | св.

За мраз, за снег ‒ почне да се топи. Мразовите раскопнеа.

раскопча | св.

Откопча, отпетла, распетла, делумно се ослободи од облека; Таа ја раскопча кошулата. Тој ја раскопча блузата на детето. Тој го раскопча палтото и седна.

раскорне | св.

Искорне на повеќе места, повеќе или уште малку повеќе. Раскорне треви. Раскорне плевел.

раскоси се 1 | св.

Почне засилено да коси трева и сл.; Момчето се раскосило, цела ливада ја искоси.

раскоси се 2 | св.

Многу се загрижи; Старата се раскоси, цела ноќ не спиеше.

раскостен | прид.

Што е изнемоштен, папсан, снемоштен, без сила во себе. Раскостена снага. Раскостен грб. Раскостени тела.

раскости | св.

Раздели на составни делови ‒ за тело на човек или на животно. Месарите ја раскостија свињата. Тој го раскости телото на умрениот.

раскош | м.

Прекумерно богатство што се покажува во начинот на живот, изобилство од материјални и друг вид добра и уживање во тоа богатство. Тие живеат во раскош. Мене не ми е потребен раскош. Тој се навикнал на раскош.

раскошен | прид.

Што е богат, сјаен, што се одликува со раскош. Раскошен живот. Раскошен одмор. Раскошно патување. Раскошна свадба.