раскукурига се | св.
Почне да кукурига; Утрото се раскукуригале селските петли.
раскуми | св.
Откаже кумство. Таа го раскуми кумството.
раскупи | св.
Купи сè, разграба со купување. Таа ги раскупи сите цреши. Тој ги раскупи сите стоки.
раскусури | св.
Раздолжи некого, ослободи од некаков долг со целосно плаќање, израмни нечија сметка. Таа го раскусури мажот, плаќајќи го целиот негов долг.
раслабен | прид.
Што е снемоштен, истоштен, немоќен, без сила. Раслабено момче.
раслаби | св.
Направи некого да е бессилен, да е немоќен. Болеста многу го раслаби. Немаштијата ги раслаби децата.
раслече | св.
Слече, соблече, расоблече, отстрани алишта со слекување. Таа ги раслече децата. Момчето ги раслече панталоните.
раслои | св.
Раздели, издели на слоеви нешто што е составено од повеќе слоеви. Тој ги раслои одделните примероци од овие растенија.
расмеан | прид.
Што е насмеан, радосен, расположен во поголема мера. Расмеани лица. Расмеани деца.
расмева (се) | несв.