расмее | св.
Предизвика, поттикне кај некого силно смеење. Таа ги расмеа гостите. Прво ги расмеаја, потоа ги растажија. Таа го расмеа до солзи.
расмрди се | св.
Почне силно да смрди, да испушта непријатен мирис. Месото се расмрди.
расне | несв.
Станува поголем, повисок. Детето раснело многу бргу. Бебето најмногу расне првите месеци од животот.
расност | ж.
Севкупност на добрите особини, одлики на една раса (кај животните); . Расноста кај коњите е услов за успешно грло. Расноста кај говедата е многу важна. Свињи со добра расност.
расо | ср.
Вид горна облека на православни свештеници. Под расото се криел безверник. Штом го стави расото на себе, почна да се моли.
расоблече | св.
Соблече, слече, отстрани дел од облека или сета облека од некого или од себе. Таа ги расоблече децата. Тие го расоблекоа болниот. Девојчето ја расоблече горната облека.
расобуе | св.
Собуе, отстрани обувки или чорапи од нозете некому или себеси. Таа ги расобу децата и им ги триеше премрзнатите нозе. Тој ги расобу новите чевли.
расов | прид.
расол | м.
Кисела зелка. Една главица расол. Расол без месо. Расол со везени пиперки. Салата од расол. Расол со свинско месо.
расолзи | св.
Насолзи, предизвика солзи, тага, плачење кај некого. Таа глетка ме расолзи. Таа ги расолзи децата.