растовар | м.

Ослободување превозно средство од товар, симнување товар од превозно средство. Работниците вршеа растовар на камионот. Тие го гледаа растоварот на сандаци.

растовари | св.

Ослободи од товар, симне товар од товарно животно или од превозно средство. Тој го растовари магарето. Тие ги растоварија коњите. Работниците го растоварија камионот. Тие ги растоварија дрвата.

растовит | прид.

Строен, со добро градена и развиена снага. Растовити момчиња. Растовита девојка.

растојание | ср.

Оддалеченост меѓу два предмета, две места или од една точка до друга. Растојанието меѓу нашите куќи беше педесет метри. Растојанието меѓу двете замислени точки е мерливо.

растока | ж.

Место каде што се разделува река. Пред да се влее во морето, реката се дели на неколку растоки. Неколку речни растоки формираат делта.

растокми | св.

Растури, размести нешто стокмено, натокмено, наместено; натокми. Таа ја растокми куќата. Тој ги растокми парите.

растолкува | св.

Протолкува, разјасни, објасни, изврши толкување. Тој ѝ го растолкува настанот. Му требаше некој да му растолкува што значат нејзините зборови.

растопи | св.

Стопи, истопи, доведе нешто од тврда во течна или во полутечна состојба. Таа го растопи чоколадото на тивок оган. Високите температури и ветрот го растопија снегот.

растоплив | прид.

Што може да се растопи, што е топлив. Растопливи метали.