расторбеши | св.

Неприбрано, несмасно, неуредно облече некого. Таа ги расторбешила децата.

расточи | св.

Расука, расучи, со сучење тесто направи кори. Таа тенко и убаво го расточи тестото во една голема кора.

растрака се | св.

Почне засилено да тропа, да трака. Машината се растрака, ама работеше.

растрбуши | св.

Извади дел од внатрешноста на некое животно. Месарот ја растрбуши свињата.

растрга | несв.

растргне | св.

Раскине, со кинење направи нешто на парчиња. Волците растргнале половина стадо овци. Кучето го растргнало килимчето.

растреби | св.

Расчисти, отстрани нешто што е непотребно, доведе во некаков ред средувајќи. За неколку дена момчињата ја растребија куќата. Тој го растреби подрумот и ги исфрли непотребните работи.

растревожен | прид.

Вознемирен во голем степен. Растревожен глас. Растревожени жени.

растревожи | св.

Вознемири, предизвика немир, тревога. Таа ги растревожи домашните. Нејзините постапки ги растревожија присутните.