расход | м.
Парични давачки на правно или на физичко лице или други средства потрошени за различни движни и недвижни добра во определен период, трошок, издаток; Заеднички расход. Вкупни расходи. Нејзин расход. Расходи за комуналии.
расходен | прид.
Што се однесува на расход. Расходна сметка. Расходно салдо.
расходник | м.
Во книговодство ‒ книга во која се внесени податоци за расходите, расходна книга. Расходниците се наредени по години. Сите податоци за потрошените средства се внесени во расходникот.
расходува | св. и несв.
Потроши, потрошува. Ние годишно расходуваме малку средства за патни трошоци. Минатата година тие расходуваа многу средства за канцелариски материјали.
расцапа | св.
Направи валкани траги од стапки. Децата го расцапаа ходникот.
расцар | м.
Цар кој го изгубил престолот, соборен цар. Расцарот го снема
расцари | св.
Собори цар од престол. Бунтовниците го расцарија и му го уништија семејството.
расцвет | м.
Развој, општ напредок; расцут. Расцвет на младоста. Расцвет на културата. Расцвет на човештвото. Расцвет на духовните добра.
расцвета | св.
Пушти цвет, расцути; процвета целосно или во поголем степен. Јаболкницата расцвета. Сите цвеќиња во градината расцветаа.
расцветан | прид.
Расцутен, опфатен со цвет. Расцветани градини. Расцветани бадеми. Расцветани лалиња. Расцветано поле.