реалистичност | ж.

Својство на тоа што е реалистично; стварност, вистинитост, реалност. Смисла за реалистичност. Суптилна реалистичност. Елементи на реалистичност.

реалитет | м.

Тоа што е реално, што постои во стварноста, што е вистинско. Естетски реалитети. Животен реалитет. Егзистенцијален реалитет.

реалност | ж.

Стварност, вистинитост, сето она што нè опкружува и што претставува објективно постоење, што може да го приемаме со сетилата. Нашата реалност е таква. Реалноста во која живееме не е убава. Груба реалност.

реанимација | ж.

(мед.) Оживување, повторно враќање во живот. Реанимација на пациентот. Сала за реанимација.

реанимира | св. и несв.

Врати, враќа во живот, спаси, спасува од смрт. Пациентот успешно го реанимираа.

реанимиран | прид.

Глаголска придавка од реанимира.

реафирмација | ж.

Повторно истакнување, постигнување успех, повторна афирмација. Реафирмација на народниот јазик. Реафирмација на неговите способности.

реафирмира | св. и несв.

Направи, прави нешто повторно да биде афирмирано. Ги реафирмира традиционалните вредности.

ребрен | прид.

Што се однесува на ребро. Ребрен простор. Ребрена коска.

ребрест | прид.

Тој што има ребра, што му се нагласени ребрата. Ребрест коњ. Стариот ребрест вол. Ребресто куче.