ребри се | несв.

Се прави важен, покажува сила и надмоќ. Тој се ребреше пред нас. Таа се ребреше во новите скапи алишта.

ребро | ср.

Долгнавеста малку тесна коска кај човекот, дел од коските кај човекот и кај некои животни, сместени во градниот кош, поврзани со 'рбетниот столб, а дел од нив и со градната коска. Човекот има 12 пара ребра. Тој скрши две ребра.

ребус | м.

Поим во енигматиката, загатка од слики, букви, бројки и од цртежи. Детски ребуси. Анаграмен ребус.

ребусен | прид.

Што се однесува, што припаѓа на ребус. Ребусно списание.

рев | м.

Силен, пробивен глас што го испуштаат некои животни. Лавски рев. Ревовите на стоката не престануваа.

ревакцинација | ж.

Второ, повторно вакцинирање. Ревакцинацијата се изведува во групи.

ревакцинира | св. и несв.

Повторно вакцинира, повторно даде, дава вакцина некому. Сите деца ги ревакцинираа.

ревалвација | ж.

Поврат, враќање на вредноста на некои стоки, пари или хартии од вредност и на различни други вредности. Ревалвација на акциите на берзата. Ревалвација на денарот.

ревалвира | св. и несв.

Врати, враќа вредност на нешто (пари, стока и сл.), повторно валоризира; изврши ревалвација, ревалоризација. Комисијата го ревалвира неговото творештво. Народна банка ги ревалоризира стоковите резерви.