реванш | м.

Победа по претрпен пораз, одмазда (во војна, во игра). Победата беше реванш за минатонеделниот натпревар.

реваншизам | зам.

Политика, намера, подготовка за реванш, задоволување на потребата од одмазда за претрпен пораз, навреда или некаква штета. Новата власт покажа реванши Реваншизмот меѓу овие екипи постоел секогаш.

реваншира се | св. и несв.

Возврати, возвраќа, одмазди, одмаздува, искористи, искористува можност да одговори на претходно неуспешно извршена дејност. Таа им се реваншираше на своите конкуренти со иста жестина. Наредната недела ракометарките се реваншираа со висока победа над гостинската екипа.

реваншист | м.

Тој што се реваншира, што има желба за реванш. Такви реваншисти се намножија во последно време.

реве | несв.

За животно ‒ издава, испушта силен рев вика, завива. Добитокот ревеше во плевната. Кучињата ревеа.

ревен | м.

Градинарско растение, се користи во исхраната во некои кујни, со широки лисја и долги месести дршки; Rheum undulatum/rhabarbarum. Дршките од ревенот содржат минерални материи, шеќери и органски киселини.

ревер | м.

Дел од горна облека, крајниот дел од јака, крагна. На реверот имаше црвен цвет. На реверот од фустанот имаше убав брош.

реверзибилен | прид.

Што може да се врати, повратен. Реверзибилна комуникација. Реверзибилна реакција.

реверс | м.

Признаница, документ што претставува потврда за позајмени или за земени работи што треба да се вратат. Документите ги зедов на реверс. Оружјето му го дале без реверс.

ревидира | св. и несв.

Подложи, подложува, предложи, предлага нешто на ревизија, на преиспитување; преиспита, преиспитува нешто; изврши, врши ревизија. Тој ги ревидира сопствените ставови под влијание на професорот. Комисијата го ревидираше Законот за високо образование.