стапалка | ж.
Отпечаток од стапало или од стапнување со нога. Широка стапалка. Детски стапалки. Стапалки во снегот.
стапало | ср.
Долниот дел од ногата со кој се стапнува. Големо стапало. Боси стапала.
стапец | м.
Дрвена направа на разбој врз која се притиска со стапалата за да се променат, преместат нишките од основата.
стапи | св.
Нагази, застане со нога на нешто; стапне.
стапина | несв.
стаписа | св.
Вчудовиди, запрепасти. Со своето лицемерство тој ги стаписа колегите. Непристојноста на ученикот ја стаписа наставничката.
стаписан | прид.
Вчудовиден, запрепастен, вџасен. Стаписана мајка. Стаписани деца. Стаписан поглед.
стапица | ж.
Направа за фаќање диви животни; замка. Волк во стапица.
стапка | ж.
Едно помрднување на нозете нанапред или наназад, чекор. Една стапка напред. Несигурни стапки.
стапне | св.
Нагази, застане со нога на нешто. Тој стапна на скршено стакло. Во турканицата човекот ја стапна старицата. Девојчето го стапна невестинскиот фустан.