статутарен | прид.
Што се однесува, што припаѓа на статут. Статутарна одредба. Статутарни измени.
стафида | ж.
Суво грозје.
стафилококи | и.
Бактерии што се групираат во форма на грозд и предизвикуваат гнојни заболувања на кожата и на слузницата.
стафитка | ж.
Исушено грозје од сонцето додека е на лозата.
стационар | м.
Диспанзер за болни со легла, болничко прифатилиште.
стационарен | прид.
Што се однесува на стационар. Стационарен лекар. Стационарно лекување.
стационира | св. и несв.
Постави, поставува, смести, сместува нешто на определено место. Пчеларот ги стационира сандаците со пчели во реонот близу боровата шума.
стациониран | прид.
Што не се движи, неподвижен, што останува на едно место, постојано или привремено. Стациониран брод. Стационирана приколка. Стациониран болен.
ствар | м.
Неопределен предмет; нешто. Ги остави сите ствари на едно место. Девојката си ги прибра стварите и излезе.
стварен | прид.
Што постои независно од човекот и неговото сознание; вистински, објективен, реален. Стварен свет. Стварни услови.