створ | м.
створи | св.
стврднат | прид.
Што преминал од мека во тврда состојба. Стврдната капка смола. Стврдната глина.
стврдне | св.
Направи нешто да стане тврдо. Студот го стврдна растопениот снег.
сте | несв.
Трето лице множина, сегашно време од глаголот сум, е.
стеарин | м.
Бела, масна супстанција од цврсти масти која се употребува во индустриското производство на свеќи, козметички производи и др.
стеблак | м.
Гранките на дрвото. Буков стеблак. Стеблак на стар орев. Јаболкница со широк стеблак. Густи стеблаци. Стеблаци ја препречиле реката.
стебленце | ср.
Дем. од стебло 2. Стебло од штотуку развиено растение.
стеблест | прид.
Што има многу стебла; што има големо стебло. Стари стеблести дрвја.
стебло | ср.
Надземниот дел од дрвото, од коренот до гранките. Стебло на столетен даб. Стебло со рапава кора.