табиетлија | прид.

Што има добар карактер, што има цврст карактер.

табла 1 | ж.

Широка и плитка плоската кошница. Некои занаетчии наплетоа кошници и табли од врбите.

табла 2 | ж.

Плоча, вообичаено дрвена, за пишување со креда во училиште. Школска табла. Табла за цртање.

табла 3 | ж.

Дрвена плоската правоаголна кутија со пулови и две зарчиња, со исцртани полиња во внатрешноста, наменета за игра.

табланет | м.

Вид игра со карти.

таблаџија | м.

Тој што сака и умее да игра табла, тој што е голем љубител на играта табла.

таблета | ж.

Лекарство приготвено во мала тркалезна и плоската форма што се голта со некаква течност; апче.

таблетка | ж.

Таблета, апче.

таблица | ж.

табела.

табличка | ж.

таблица_1