табак 2 | м.

Тој што штави кожи, кожар. Табаците сите кожи ги прибираа в каци.

табакера | ж.

Џебна, обично метална кутија за цигари или тутун. Момчето извади цигара од својата сребрена табакера.

табаклак | м.

Кожарски занает, кожарство.

табан 1 | м.

Долната страна на стапалото со која се гази. Брзаме со босите табани по патот.

табан 2 | м.

Дебела, голема греда.

табана | ж.

Кожарска работилница.

табарина | ж.

Вид долга гуна.

табела | ж.

а) Прегледен список, приказ на податоци претставен графички обично во хоризонтални и вертикални колони, редови. б) Во спортот – приказ на учесници и на резултати од натпревар.

табеларен | прид.

Што се однесува на табела, што е прикажан во вид на табела. Табеларен преглед.

табиет | м.

Карактер, темперамент. Таков е човекот, тежок табиет. Тој од својот табиет не се откажува.