талог | м.
Густ слој што останува, што се изделува од течноста и се наталожува на дното или по ѕидовите од садови, јами, речно корито и сл. По вадењето талогот од виното се симнува со мека четка. Го испива кафето и сама си гледа во црниот талог. Реката остава талог од тиња.
таложи | несв.
За вода – создава талог; наталожува. Реката таложи тиња.
таложник | м.
Филтер што служи за одделување на водата од горивото и на покрупните механички нечистотии со таложење.
талон | м.
Дел од квитанција (признаница, потврда, хартија од вредност и сл.) кој останува во кочанот по откинување на купоните.
талпа | ж.
Голема, дебела штица. Скелето беше направено од чамови талпи. Ја зема теслата и почнува да делка една талпа.
таљувче | ср.
таљур | м.
тамавќар | м.
тамаќар | м.
Скржавец, стипса. Трговец тамаќар.
тамаќарлак | м.
Скржавштина, скржавост. Тамаќарлакот му го зел умот.