декадентен | прид.
Што е во состојба на декаденција Еден декадентен тип се метка по аеродромските простории. Тој стил на игра се сметаше за декадентен.
декаденција | ж.
Опаѓање, губење на виталните и на творечките способности во подрачјето на некоја дејност.
декалитар | м.
Мера што означува течност од десет литри. Бурето собира три декалитри вода.
декаметар | м.
Мера што означува должина од десет метри. На патот се создаде колона од автомобили долга два декаметра.
декан | м.
Управник на факултет што се избира од редот на професорите и има мандат на определено време. Тој е избран за декан на филолошкиот факултет.
деканат | м.
Раководна управа и администрација на факултет. Тоа ќе биде пречка за правилното функционирање на деканатите.
декар | м.
Мера што означува површина од десет ари; површина од 1000 метри квадратни.
декември | и.
Последен, дванаесетти месец во годината; снежник.
декика | ж.
Минута, час, миг, момент. За пет декики да ги собериш сите селани овде. Во таа декика тој не гледа што прави.
декламативен | прид.
Што е патетичен, театрален. Декламативен настап. Декламативна реторика.