дејди! | изв.

дејност | ж.

Опсег, опфат на работа, активност, ангажираност. Книжевна дејност. Општествена дејност. Просветна дејност. Издавачка дејност.

дејствен | прид.

Што е активен, што влијае на нешто, што има некакво дејство. Оваа појава има дејствен карактер.

дејствие | ср.

дејство.

дејствителен | прид.

Што го има, што постои во стварноста; вистински, реален. Се прости од дома како да тргнува на дејствителна војна. Се редеа страшни глетки како да се живи, дејствителни.

дејство | ср.

Пројавување на некаква енергија, дејствување, функционирање. Архимед го открил дејството на лостот. Разорно дејство на експлозивот. Ја пушти машината во дејство. Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства.

дејствува | несв.

Врши некое дејство. Тие се здоговориле да дејствуваат заедно. Тој живееше и дејствуваше како писател и револуционер во еден пресуден период.

дејче | ср.

дење | прил.

Преку ден, денски. Дење работи, ноќе спиј, а не обратно.