деспотизам | м.
Неограничена, апсолутна власт.
деспотство | ср.
Држава, покраина под владеење на деспот.
деспотува | несв.
Неограничено владее.
дестабилизација | ж.
Растројство во економијата, во општеството, во моралните норми, во безбедноста на земјата. Дестабилизација на државата.
дестабилизира | св. и несв.
Предизвика, предизвикува дестабилизација. Новите мерки ја дестабилизираа државата.
дестабилизирачки | прид.
Што доведува до дестабилизација. Дестабилизирачки методи.
дестилат | м.
Тоа што се добива со дестилација, производ на дестилација.
дестилација | ж.
Прочистување на течност со загревање до вриење и претворање во пареа, па потоа ладење и повторно претворање во течност. Процес на дестилација. Дестилација на камениот јаглен.
дестилационен | прид.
Што се однесува на дестилација. Дестилационен процес.
дестилира | св. и несв.
Изврши, врши дестилација.