доапне | св.
Изеде до крај.
доаргатува | св.
Престане, заврши со аргатувањето.
доарчи | св.
Потроши. Ги доарчи парите од куќата.
доаѓа | несв.
Пристигнува од некаде на кој било начин. Таа доаѓаше на работа точно во девет часот. Доаѓаше возот и него го обзеде нестрпливост. Од фронтот не доаѓаа никакви вести.
доаѓачка | ж.
доајен | м.
Најстар или најугледен член на дипломатски кор или на некој друг угледен собир, колектив и сл.
доба | ж.
Време (обично ноќно). Идењето на комесарот во оваа доба и во овој миг ги збуни. Во оваа доба обично ја наполнуваше печката. Која доба е сега?
добаботи | св.
За оган – почнува да тлее, да се гаси. Огнот во печката добаботи.
добае | св.
Престане, заврши со баењето.
добар | прид.
а) Што е со мек и благ карактер, што не прави зло, што сочувствува со другите. Нема подобар учител од него. Тој беше добар човек и добар татко. Тие беа добри деца. б) Што е карактеристичен за човек со благ карактер. Тој има добра душа и добро срце.