добара | св.
Заврши, престане со барањето.
добарка | св.
добања | св.
Избања, искапе некого; заврши со бањањето.
добега | св.
Бегајќи од некаква опасност, стигне некаде или кај некого. Требало веќе да тргнат за да добегаат конечно до стреата на привремените прибежишта.
добеган | прид.
Што стигнал некаде или кај некого бегајќи. Добегана мома – девојка што против волјата на родителите побегнала кај момчето; бегалка.
добележи | св.
Заврши или прекине со бележењето; обележи, запише до крај. Доцна вечерта го добележи текстот и го подготви за предавање. Зборуваше многу брзо и не можев да ги добележам неговите зборови.
добели | св.
Заврши со белењето, направи нешто во целина да стане бело. Го добели платното и седна да одмори.
добере | св.
Набере уште малку до нужната мера. Денес треба да се доберат уште десет килограми круши.
добива | несв.
добивач | м.