добивка | ж.

Материјална корист, заработка, профит. Постојат изгледи месецов да се заврши со мала добивка.

добие | св.

Прими нешто во сопственост, за користење, трошење, нешто што пред тоа не го поседувал, што некој му го дава, му го доделува, му го испраќа (на подарок, за пари или на друг начин). Сакаш сѐ сам да изедеш, а другите дечиња ништо да не добијат. Можеби ќе ја добијам во мираз и оваа бавча што нѐ рани. Тој доби една убава честитка од својот брат.

добитник | м.

Тој што добил, што заслужил нешто (награда и сл.). Во овој судски процес тој беше добитник на наследството. Тој е добитник на голем број награди.

добиток | м.

(само едн.) Домашни животни (крави, коњи, овци, кози и др.) Татко го собра од дворот добитокот за да го води на паша.

добиточен | прид.

Што е наменет за добиток, што се однесува на добиток. Добиточна храна. Добиточен пазар. Добиточен фонд.

добиче | ср.

Домашно животно (крава, коњ, овца, коза и др.).

добичи | св.

Заврши со сечењето, со режењето на трупци за штици, греди и сл. Ги добичи штиците и ги нареди во дворот.

доблесно | прил.

На доблестен начин. Сторете го тоа доблесно и машки.