доврне | св.

За дожд, снег, град – престане да врне. Ќе чекам да доврне, зашто не носам чадор.

доврти | св.

Заврши со вртењето. Плочата доврти и тој повторно ја пушти од почеток.

довртка | св.

Заврши со врткање преѓа, конец. Ја довртка преѓата на вретеното.

доврши 1 | св.

Заврши, изврши до крај некаква започната работа. Постарите довршија со кафето и тргнаа на работа. И наеднаш, уште не довршил, згрмеа топовите и гранатите.

доврши 2 | св.

За жито – врши до крај. Житото треба да се доврши.

довтаса | св.

Дојде, стигне на кој било начин. Вечерта по мракот довтаса и итрецот со својата дружина. Од прозорецот на теќето довтаса глас.

довчерашен | прид.

Што траел, што бил до вчера; што бил до неодамна, до скоро; скорешен. Го напуштија сите довчерашни пријатели. Веќе не се противеше, исчезна нејзината довчерашна намуртеност.

довјава | св.

Дојде јавајќи на коњ, магаре. Пред меаната довјава непознат коњаник.

довјаса | св.

Дојде, пристигне со голема брзина. Командирот довјаса пред колоната.