догази | св.
Изгази нешто доволно, до крај. Го догази грозјето во бурето.
доган | м.
Сокол.
доганѕа | св.
Се довлечка со тешкотии. Доганѕа до креветот, легна и веднаш заспа.
доганџија | м.
Соколар.
догизден | прид.
Дотеран, накитен.
догизди | св.
Дотера, накити, нагизди. Мајката го догизди детето.
доглед | м.
(само едн.) Простор што може да се опфати со поглед; близина. Тој служи војска на доглед на својата куќа, а ништо не знае за своите.
догледа | св.
Види нешто од подалеку, забележи. Се сврте и назад ја догледа девојката. Ја догледа во далечината и неговата куќа.
догледен | прид.
Што ќе се случи во блиска иднина. Тешко дека ќе се состанат во догледно време. Во догледна иднина нема да биде подобрена таа состојба.
доглода | св.
Изглода до крај. Кучето ја доглода коската.