доказен | прид.

Што служи како доказ, што е убедлив, уверлив. Доказен материјал. Доказна постапка.

докај | предл.

За означување на приближен временски период. Општинските работи се наоѓале во рацете на малубројните трговци докај 60-тите години. Пазарот свршува докај ужина.

докапе 1 | св.

Престане да капе. Дождот докапе низ стреите.

докапе 2 | св.

Капе, искапе некого до крај. Одвај го докапав детето.

докати | св.

Изрони, оддели до крај зрна пченка од кочанот. Одвај ги докати неколкуте кочани.

докачи | св.

Качи, искачи нешто до крај. Одвај ги докачив кутиите по скалите.

докер | м.

Лице што работи на док, на пристаниште. Штрајкот на докерите сѐ уште траеше.

докимологија | ж.

Научна дисциплина што го проучува начинот на испитување и праведно оценување во училиштата. Современата докимологија е дел од дидактиката.

докине | св.

Кине, искине до крај. Ги докинав чорапите.