доклинка | св.

Дојде, стигне некаде со клинкање. Одвај доклинка до својата постела.

докове | св.

Кове, искове до крај. Докови ги клинците на штицата.

доколе | св.

Коле, исколе до крај.

доколеници | и.

Чорапи што достигнуваат до колена. Имаше црни доколеници од свила.

доколку | сврз.

За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку). Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо. Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод.

докопа | св.

Заврши со копањето. Ја докопавме пченката.

докопчи | св.

Дофати, зграпчи нешто. Го докопчал спуштеното јаже и го заврзал околу себе.

докоси | св.

Заврши со косењето. Ја докосивме ливадата.

докосне | св.

Допре, дофати нешто. Се напрегаше да го докосне шишето со вино.