емајл | ж.

Смеса од разни метални оксиди, безбојни или обоени, со која се премачкуваат метални, глинени и стаклени предмети, за по печењето да се добие стаклест заштитен слој, што не пропушта вода.

емајлира | св. и несв.

Премачка, премачкува со емајл.

емајлиран | прид.

Обложен со емајл. Емајлирани садови. Емајлирани кади.

ембарго | ср.

Забрана на извоз или на увоз на стоки или на други вредности.

ембрион | м.

Зачеток на човек или на животно во почетниот стадуим на развитокот.

ембрионален | прид.

Што се однесува на ембрион, што е во фаза на ембрион. Ембрионален развиток.

еми | чест.

емигрант | м.

Тој што се наоѓа во емиграција.

емиграција | ж.

Доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски и др.).

емигрира | св. и несв.

Се исели, се иселува, од својата земја во друга. Тој емигрира во Белгија уште пред десет години.