еминентен | прид.

Угледен, истакнат, примерен. Еминентен претставник.

еминенција | ж.

Угледност, истакнатост, возвишеност.

емир | м.

Владетел во некои исламски земји.

емират | м.

Област, држава, регион под власт на емир.

емисар | м.

Лице што е испратено од некоја држава, партија и сл. кај некого (обично во друга земја) со посебна задача.

емисионен | прид.

Што е со намена да емитува. Емисиона банка.

емисија | ж.

Испуштање, испраќање светлинска, звучна, електрична енергија, електромагнетски бранови и сл. Емисија на гама-зраците.

емитира | св. и несв.

Изврши, извршува, исполни, исполнува емисија; емисија.

емитува | несв.