ерген | м.
Младо момче, неженето. Тој е веќе ерген.
ергенлак | м.
ергенство | ср.
Период од животот кога машкото лице е ерген; време на ергенување. Претера со ергенството, му побеле косата, а жена за него немаше.
ергенува | несв.
Оди ерген, не е женет.
Ердељ | м.
еребица | ж.
Полска птица од семејството на фазаните, слична на кокошка, која се лови поради многу вкусното месо; Perdix perdix. Горска еребица. Сива еребица. Шарена еребица. Полска еребица.
Ереван | м.
Главен град на Ерменија.
ерес | м.
Отстапување од учењето на официјалната црква; кривоверство. Безумна ерес.
еретик | м.
Тој што отстапува од учењето на официјалната црква; кривоверец.
Ерзурум | м.
Град во Турција.