жива | ж.

Хемиски елемент, метал во течна состојба, со сребреникава боја; симбол Hg. Живата во термометарот се спушти под нулата.

живе | прил.

Само во составите: на живе, при живе – додека е, додека бил жив.

живеалиште | ср.

Дом за живеење, куќа, зграда. Тој направи најубаво живеалиште на брегот. Живеалиштата од ова село одамна се напуштени.

живее | несв.

Постои, суштествува како жив организам, жив е. Секој има право да живее.

живец | м.

Кожичка околу коренот на ноктот.

живејачка | ж.

Живот, живеење. Го прашав како е со живејачката и со здравјето.

живин | прид.

Што се однесува на жива, што е од жива. Живин термометар.

живина | ж.

(само едн.) Домашни птици, пердувести животни. Објектите во кои се сместува живината се нарекуваат живинарници.

живинарник | м.

Место, заграден простор или кафез каде што се чува живина. Живинарникот е поголема ѕидана зградичка со полно простории и прегради за секаква живина.