животи | прил.
Во состави со предлог: на животи, до животи, при животи;
животина | ж.
животински | прид.
Што се однесува, што е својствено на животно, што потекнува од животно. Животински свет. Животинско потекло. Животинска маст.
животно | ср.
Живо суштество способно да се движи и да чувствува (наспроти растение), обично исклучувајќи го човекот. Дворот на селската куќа беше преполн со разни домашни животни.
животност | ж.
Својство на тоа што значи живот, што е полно со живот, со животна сила.
животодавен | прид.
Што дава, што внесува живот, што влијае поволно, што вдахновува. Животодавна почва.
животодавец | м.
Тој што дава живот; животворец (обично во религиозна смисла). Бог е животодавец.
животопис | м.
Опис на животот на некоја личност; биографија. Животопис на писателот.
животописание | ср.
животописен | прид.
Што се однесува на животопис; биографски. Животописните податоци се црпени од неговите белешки.