живожарица | ж.

Жив оган, оган што гори.

живопис | м.

Ликовна уметност во која се слика со бои; сликарство. Света Гора била најпозната школа каде што мајсторите ги изучувале тајните на живописот.

живописен | прид.

Што се однесува на живопис.

живописец | м.

Уметник што се занимава со живопис. Фреските од црквата се направени од искусен живописец.

живороден | прид.

Што е роден жив;

живот | м.

Биолошки облик на постоење и на движење на материјата, настанат на определена етапа од нејзиниот развој. Појава на животот на Земјата. Облици на живот на нашата планета.

животворен | прид.

Што дава живот, сила, енергија. Животворни сончеви зраци. Животворна почва.

животен | прид.

Што се однесува на животот, што е во врска со животот, што е потребно за живот. Животна способност. Животен стандард. Животни намирници. Животни трошоци.