животописец | м.
Автор на животопис; биограф.
живуланче | ср.
живуле | ср.
живурка | несв.
Живее скудно, одвај живее. Нивните родители живуркаа со помошта што им ја даваа тие.
жиг 1 | м.
а) Направа со врежан натпис или знак којашто служи за ставање отпечаток врз некого или врз нешто заради обележување, распознавање, заверка и сл.; б) Отпечатокот што се става. Со вжештен железен жиг Римјаните ги обележувале своите робови.
жиг 2 | м.
Жал, тага. Многу ми е жиг за тебе.
жига | несв.
жиговина | ж.
Непријатно чувство на киселост што се јавува во грлото предизвикано од стомачни киселини. Ме фати жиговина.
жиголо | м.
Маж што живее од љубовните врски со богати жени, машка проститутка.
жигоса | св.
Стави жиг некому или на нешто. Работниците ги жигосуваа говедата. Тој ги жигосува пратките со својот посебен жиг.