заапе | св.
Почне да апе;
заарни се | св.
Се зближи со некого, се спријатели. Тие беа скарани, ама сега се заарнија.
заарчи | св.
Почне да арчи. Заарчи од парите уште пред да ги донесе дома.
заб | м.
Еден од белузлавите коскени израстоци во вилиците на човекот и на животно што служат за кинење и за џвакање храна во устата. Горни (долни) заби. Предни заби. Имаше убави бели заби. Ги стисна забите.
забаботи | св.
Почне да баботи;
забава | ж.
Разонода, пријатен помин. Тој работи за забава на публиката. Децата секогаш наоѓаат некаква забава.
забава | несв.
забаваче | ср.
Дете што оди во забавиште. Нејзиното дете е забаваче.
забавен 1 | прид.
Што се одвива бавно, со помала брзина;
забавен 2 | прид.
Што забавува, разонодува, што е занимлив, интересен. Тој беше многу внимателен и забавен. Беше авантурист што сака возбудливи и забавни патувања.