забави 1 | св.

Прави нешто да се одвива побавно, ја намали брзината при движењето или при вршењето на друго дејство. Тој го забави чекорот. Тие го забавија истоварувањето на стоката од бродот.

забавиште | ср.

Претшколска установа за дневен престој на деца. Наесен ќе тргне во забавиште. Во селото нема забавиште. Во забавиштата владее епидемија на сипаници.

забавник | м.

Назив за разни публикации (списание, весник и сл.) што имаат забавен карактер. Редовно го читам неделниот Забавник за млади.

забавува | несв.

Разонодува, занимава некого. Со своите песни и игри жените ги забавуваа војниците. Телевизијата со некои свои емисии ги забавуваше и возрасните и децата.

забавувач | м.

Лице што забавува, разонодува некого. Работеше како пејач и забавувач во летувалиштата.

забадијала | прил.

Бесплатно, без надомест. Цел ден работеше забадијала.

забае | св.

Почне да бае; бае Само што забаја бабата, детето ги отвори очите.

забазди | св.

Почне да базди. Од визбата забазди на скапано.