забрка 1 | св.

Замеша, измеша нешто. Брашното го забрка со вода.

забрка 2 | св.

Почне да брка;

забркан | прид.

Што е заплеткан, нејасен; забрка1_2 Оваа работа му изгледаше премногу забркана.

забрливи | св.

Направи некој да стане брлив. Пијачката го забрливи.

заброди | св.

Почне да броди; броди Забродија по синото море.

заброи | св.

Почне да брои; Замижа и ги заброи ударите по грбот. Тој ги заброи парите.

забрсти | св.

Почне да брсти. Козата забрсти од младото дрвце.

забрца | св.

Почне да брца; брца_1_2 Детето ги забрца рацете во водата. Тој ја забрца раката во торбата.

забрчи | св.

Почне да брчи; Забрчи автомобил по нашата улица. Забрчија пчелите околу улиштето.