загатка | ж.

Исказ или прашање што треба да се реши. Се изненади кога го чу решението на загатката. На крајот, во форма на загатка, е дадено името на авторот.

загатлив | прид.

загатне | св.

Наспомне, поткаже нешто оддалеку; навести. Тој загатна нешто, ама јас не разбрав што сакаше да ми каже. Во книгата загатналнеколку моменти од нејзиниот живот.

загиба | св.

Почне да гиба, да пипа некого или нешто. Тој ја загиба мачката со едно стапче.

загине | св.

Изгуби живот. Во таа борба загинале тројца партизани. Тој загина во авионска несреќа.

загинувачка | ж.

Губење живот; загинување.

заглавен | прид.

Што е насловен, воведен, почетен. Под овој заглавен збор ги даваме сите изведени зборови од него. Заглавните букви и иницијалите се цртани со боја.